Оливер Спасовски и Зоран Заев се директно одговорни за секој заразен и починат човек поради заразата со ковид, затоа што тие нешто заштита на здравјето, паметот им е во фотелјите, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на изјавата на премиерот Спасовски дека изборите ќе се одржат на 5 јули, откако по завршувањето на вонредната состојба во земјава, ќе почнат да течат роковите.
„Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев“,
се вели во писмената реакција од опозициската партија.