Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска разговарал со Аранча Гонзалес Лаја, шпанската министерка министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка.
За време на разговорот, инициран од страна на Шпанија, како што соопшти МНР, Димитров уште еднаш се заблагадорил за отворената и принципиелна поддршка од оваа земја за нашите европски и евроатлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО – членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат.
Соговорниците се осврнале на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност.
„Министрите разменија мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Беше потенцирана важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави“,
се наведува во соопштението на МНР.
