Уапсени се шест лица кај кои е пронајдена нелегална опрема за печатење банкноти и правење документи, како и голема количина на фалсификувани банкноти од 50 и 100 долари
Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален ланец кој печател фалсификувани банкноти и високо квалитетни лажни документи.
Меѓу документите имало и лажен пасош со слика и податоци на американскиот актер Силвестер Сталоне, чија цел била да ги импресионира потенцијалните клиенти.

Четворица бугарски државјани биле дел од организирана криминална група, која печатела и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари.
Бугарските власти, во заедничка акција со Агенцијата за полициска соработка на ЕУ (Европол) и американската тајна служба, извршиле претрес на 30 локации.
Уапсени се шест лица кај кои е пронајдена нелегална опрема за печатење банкноти и правење документи, како и голема количина на фалсификувани банкноти од 50 и 100 долари.