Кумановската полиција прекина семејна веселба во куќа во Куманово, соопшти СВР Куманово.
Полицијата реагирала по пријава дека во куќа во Куманово се одржувала семејна веселба со повеќе гости, односно дека се кршат препораките за заштита од ковид-19.
„Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и во семејната куќа во сопственост на Т.М.(29) биле затекнати повеќе лица-гости“,
соопштија од СВР Куманово.
