Во округот Кер, 38 од загинатите се возрасни, а 21 се деца, вклучувајќи 16 девојчиња пронајдени во христијанскиот летен камп покрај реката Гвадалупе

Последната статистика брои 70 жртви во катастофалните поплави што го погодија Тексас, а уште десетици лица се водат како исчезнати.
Најмалку 59 лица во округот Кер и на осум други места во централен Тексас се починати. Во округот Кер, 38 од загинатите се возрасни, а 21 се деца, вклучувајќи 16 девојчиња пронајдени во христијанскиот летен камп покрај реката Гвадалупе. Уште единаесет девојчиња се водат како исчезнати.
Разорните поплави во Тексас започнаа во петокот по силно невреме и пороен дожд.
Ридскиот предел во централниот дел на Тексас е природно склон на поплави поради сувите предели, покриени со нечистотија каде што дождот не се впива во почвата туку тече по површината, создавајќи буици.
Изобилните дождови што течеа по ридовите и се влејаа во реката Гвадалупе, предизвикаа нејзино покачување од осум метри за само 45 минути.
Властите во Тексас се под удар на критики затоа што не ги предупредиле жителите и младинските летни кампови покрај реката да се евакуираат навреме.