Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, контрорите ќе мораат да ги слетуваат авионите еден по еден
Расипан е единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонскара навигација (М-НАВ) на скопскиот аеродром, објави порталот „СДК.мк“.

Тоа значи дека од вчеранутро контролорите на летање не можат да ги гледаат авионите на мала висина кога слетуваат.
Од двата радара, едниот врз контролната кула, а другиот во нејзина непосредна близина, кој бил во функција, сега е расипан.
Додека не се отстрани дефектот, односно додека не стигне делот од Италија, контрорите ќе мораат да ги слетуваат авионите еден по еден.
Ако се погодат повеќе авиони за слетување, ќе мора да кружат малку на него, додека не слета тој пред нив.
Информацијата за „СДК.мк“ ја потврди и директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, посочувајќи дека работата се одвива тековно, но со побавно темпо. Според него, најважно е што нема никаков безбеносен ризик со слетувањето и полетувањето на авионите на скопскиот аеродром.
„Ваквите технички кварови од електорнска природа се нормални појави во авијацијата и кога се случуваат има предвидено соодветни безбедносни процедури во работата со цел да се продолжи со давање на услиги кон авиокомпаниите во такви околности“,
вели тој.
Единствена промена, според него, е регулацијата на бројот на авиони кои можат да се опслужат на еден час.
Контролорите на летање летово се заканија со штрајк ако не се инсталира нова опрема, предупредувајќи дека не само стариот радар, туку и софтверот и останатата опрема ќе почнат да откажуваат.
Откако добија уверување од новиот менаџмент дека новата опрема ќе се инсталира, контролорите претставени од Синдикатот на контролори на летање, го ставија штрајкот во мирување.