Вчера и в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, рече дека досега не се разговарало за тоа, но доколку има предлог ќе се разгледа како опција
И пратеникот од Алијанса за Албанците (АА), Сурија Рашиди, вели дека за евентуалниот влез на партијата во Владата во моментов може да каже дека тоа е само шпекулација и не е добиено такво нешто. Ние, порача тој, продолжуваме да дејствуваме како опозиција.
Меѓутоа, доколку стигне понуда, за истото ќе се разговара на состаноци на партиските органи.
„Јас такви информации немам, ниту во структурите на партиите е разговарано. Ако што било се добие како понуда, мора органите на партијата да расправаат и да разгледаат. Сè додека нема такво нешто чисто е шпекулација“,
рече Рашиди.
Вчера и в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, рече дека досега не се разговарало за тоа, но доколку има предлог ќе се разгледа како опција.
„Не сме разговарале околу тоа, ние сега сме фокусирани во реорганизирањето на партијата. Повеќе сме на терен и водиме разговори, ги слушаме активистите и тие што се симпатизери на Алијанса за Албанците. Темата за условување за тоа дали да се влезе или да се излезе не сме ја дискутирале, ние не сме биле дел од Владата ниту, пак, сме размислувале за тоа. Но, ќе размислиме, ќе ја разгледаме опцијата ако постои таков предлог, но сега за сега нема нешто такво“,
рече Таравари.