Тој нагласи дека мора да се направи сè за да се оддалечат потенцијалните закани од Балканот, а ова, објаснува тој, се однесува пред сè за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Република Српска каде што, како што рече, Кремљ има силно влијание
Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Србија не треба да биде под натамошен притисок во врска со санкциите против Русија и истовремено изразува загриженост за зголеменото влијание на Москва во Западен Балкан.
„Не треба да се врши натамошен притисок врз Србија за воведување санкции кон Русија. Вакви санкции не се можни, бидејќи Србија без Русија не може да опстане. Дополнително, владата и претседателот Александар Вучиќ политички не би ги преживеале санкциите против Русија. Србија веќе зазеде став. Не смееме да заборавиме дека Белград веќе трипати во ОН гласаше против Русија. Ова е големо изненадување. Тоа е и знак дека во Белград постои силна волја за интегрирање во ЕУ“,
изјави Рама во интервју за виенскиот весник „Пресе“.
Тој нагласи дека мора да се направи сè за да се оддалечат потенцијалните закани од Балканот. Ова, објаснува тој, се однесува пред сè за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Република Српска каде што, како што рече, Кремљ има силно влијание.