Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ, информираат од партијата

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на лидерот Венко Филипче, заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, информираат од партијата.
Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ, додаваат оттаму.
„Со овој одговорен и морален чекор, раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ. На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата, а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности“,
се наведува во соопштението на СДСМ.
