„Ако лидерите манифестираат вистинска проевропска ориентација, тогаш и граѓаните имаат чувство дека нивната држава се движи во вистинска насока“, кажа еврокомесарката коментирајќи го пристапниот процес на Албанија, која денеска го отвора петтиот од шесте кластери во преговорите
Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, смета дека раководствата на земјите кандидати за членство во Унијата ја имаат една од клучните улоги во пристапниот процес. Оваа изјава таа ја даде пред почетокот на шестата Пристапна конференција Албанија-Европска Унија, која денеска се одржува во Брисел, коментирајќи го пристапниот процес на Албанија која денеска го отвора петтиот од шесте кластери во преговорите – кластерот „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

„Ако лидерите манифестираат вистинска проевропска ориентација, тогаш и граѓаните имаат чувство дека нивната држава се движи во вистинска насока“,
рече таа.
Токму Албанија, според неа, покажува дека со силно лидерство се можни и позитивни промени.
„Кога тие испорачуваат, испорачува и Европската Унија и ги поддржува, но секако се зависи од принципот на заслуги“,
кажа еврокомесарката.
Arrival and doorstep by @MartaKosEU, European Commissioner for Enlargement, at the #EUAlbania Intergovernmental Conference taking place on 16 September 2025 in #Brusselshttps://t.co/PPUn8dg1o8
— EU Council Newsroom (@EUCouncilTVNews) September 16, 2025
Според неа, ако Албанија го продолжи сегашното темпо на преговарачкиот процес, тогаш сите кластери ќе можат да бидат отворени во текот на оваа година.
„Целта на владата на Албанија е да го заврши техничкиот дел од преговорите во пристапниот процес до крајот на 2027 година. Европската комисија ја поддржува оваа визија на новата влада на премиерот Еди Рама“,
кажа Кос.
Пристапната конференција Албанија ЕУ се одржува пред денешното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија, на кое една од точките се извештаите на Европската комисија за владеење на правото во 2025 година во земјите членки и кандидатите за членство меѓу кои и земјава.
Таму присуствува и министерот за европски прашања на земјава, Орхан Муртезани.