Од октомври 2013 година до март 2016 година, обвинетиот во атарот на битолското село Дихово, надвор од градежен реон, на земјоделско земјиште во косопственост на повеќе физички и едно правно лице изградил објект во вкупна површина од 193 квадратни метри, без претходна согласност и дозвола од надлежните институции
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поднесе обвинение против раководител во општински инспекторат во Битола поради бесправно градење.

Изнесувајќи детали за случајот, од Обвинителството соопштија дека обвинетиот од октомври 2013 до март 2016 година во атарот на битолското село Дихово, надвор од градежен реон, на земјоделско земјиште во косопственост на повеќе физички и едно правно лице изградил објект во вкупна површина од 193 квадратни метри.
„Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно чл. 51-а од Законот за земјоделско земјиште и без одобрение за градење донесено во постапка пропишана согласно чл. 59 од Законот за градење, што е поткрепено и со соодветно вештачење“,
наведуваат од ОЈО Битола.
Обвинетиот се гони за бесправно градење од членот 244-а, став 1 од Кривичниот законик.