ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 29:25
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и член на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа бил приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен.

„На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д. М. (33), ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала ‘Билјанини извори’ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К. А., помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“,
потврдил за МИА, Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.
ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 29 : 25.
