Проектили погодија неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата, соопшти украинското воздухопловство на Телеграм
Украинските власти вечерва соопштија дека руските сили извршиле ракетен напад врз воениот команден центар во централниот украински град Виница.
„Проектили погодија неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“,
соопшти украинското воздухопловство на Телеграм.
„Денеска, 25 март, околу 16:30 часот, руските окупатори извршија ракетен напад врз територијата на командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина во Виница. Русите истрелаа вкупно шест крстаречки ракети. Некои од нив беа соборени од единиците за противвоздушна одбрана. Остатокот погоди неколку згради, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата“,
објави Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина на Фејсбук.
Претходно Русија објави дека речиси целосно ја уништила способноста за воздушна одбрана на украинските воздухопловни сили.