Бојко Борисов е закана за бугарската влада, а никој не може подобро да ја дискредитира владата, како што може самата да го стори тоа, рече претседателот на Бугарија, Румен Радев, запрашан обвинувањата на Борисов дека го шпионирал со дрон.
„Сум управувал авион, сум управувал и дрон. Не можам да толкувам сè што кажа Борисов бидејќи, за разлика од него, мојата фантазија сепак има некаква граница“,
рече бугарскиот претседател.
Вчера, откако анонимно беа објавени фотографии од премиерот Бојко Борисов како разголен спие во својата спална соба, тој одржа прес-конференција на која го обвини шефот на државата дека стои зад тој скандал и оти лично Радев го управувал дронот.
Во моментов, најважната работа, според Радев, е да се врати довербата на јавноста во општеството. Тоа е можно само преку вистината, пренесува БГНЕС. Радев рече дека од тоа зависи иднината на правната држава, но главната улога тука ја има обвинителството, кое треба да ги испита објавените фотографии во медиумите, додаде бугарскиот претседател.