Радев минатата недела, по објавувањето на резулатите од попиисот кај нас, изјави дека Бугарија мора да продолжи со политиката на вето додека не добиеме јасни гаранции за заштита на нашиот интерес, нарекувајќи го уште еден доказ за беззаконието во РС Македонија
Бугарија силно го поддржува почетокот на преговарачкиот процес за членство на Република Албанија во Европската унија. Длабоките и тешки, но со јасен фокус реформи преземени од албанска страна во областа на правдата, економијата и заштитата на националните малцинства го покажуваат тешкиот пат на земјата. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Илир Мета во Софија.
Претседателот на Република Албанија е во официјална посета на Бугарија на покана на бугарскиот претседател.
Радев исто така потенцирал дека Бугарија и Албанија не се само сојузници, туку и пријатели, за што како што пренесе МИА, повикувајќи се на БТА, според Радев придонесува значајното бугарско национално малцинство во Република Албанија.
Радев во тој контекст ја поздравил и политиката на Албанија кон националните малцинства и законот донесен во 2017 година за нивна заштита, како и споредните правни одлуки на оваа тема, „за да се исполнат сите неопходни услови за европски пристап и односи“.
„Ќе продолжиме да работиме заедно“. Се надевам дека ќе работиме многу поактивно на што поскора изградба на културно-информативни центри во Тирана и Софија. Тоа ќе им овозможи на нашите народи многу поплодно да соработуваат на полето на културата и образованието“,
изјави тој, заблагодарувајќи се за отворената политика, благодарение на која бугарското национално малцинство во Албанија продолжува да биде силен мост меѓу двата народи, зачувувајќи го нивниот идентитет, учењето на нивниот мајчин јазик и зачувувањето на нивните национални традиции.
Радев и Мета, како што јави БТА, истакнале дека во билатералните односи меѓу Бугарија и Албанија има потенцијал за развој на економската и трговската размена, во инвестициите, културата, науката и образованието, истакнувајќи го отворањето на директна авиолинија меѓу Тирана и Софија.
Како приоритет за земјите од регионот, Радев и Мета ја истакнале изградбата на Коридорот 8, која се одложува долги години. Според претседателот Радев, проектот во своето единство како патна, железничка, енергетска, дигитална поврзаност е клучен за економскиот развој и безбедноста на регионот.
Радев минатата недела, по објавувањето на резулатите од попиисот кај нас, изјави дека Бугарија мора да продолжи со политиката на вето додека не добиеме јасни гаранции за заштита на нашиот интерес, нарекувајќи го уште еден доказ за беззаконието во РС Македонија.