Радев ги повика советниците за надворешна политика на премиерот „во никој случај да не ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство“
Бугарскиот претседател, Румен Радев, порача дека очекува бугарската Влада строго да се придржува на Декларацијата на Народното собрание, на консензусот и волјата на Бугарите за решавање на отворените прашања пред почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
Ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Македонија се заснова на резултати, а не на услови увезени од странство, рече Радев и предупреди дека секое отстапување на власта од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова криза на власта.
„Потсетувам дека бугарската позиција во однос на евроинтеграциите на Република Македонија се заснова на јасно дефинирани принципи на резултати, а не на надворешно наметнати термини и услови. Секое отстапување на власта од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова политичка криза на власта“,
додаде тој, а пренесе БГНЕС.
Радев ги повика советниците за надворешна политика на премиерот „во никој случај да не ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство“.
„Ова не одговара на реалноста, на Уставот на нашиот сосед. Тоа може да катализира сериозни проблеми во нашите билатерални односи и да го крене во воздух целиот процес на европска интеграција на Република Македонија“,
додаде Радев.