Бугарскиот претседател, Румен Радев, на влезот во Националното собрание изрази убедување дека овој пат парламентарните партии треба да формираат функционална влада.
Радев влезе во Националното собрание за свечената конститутивна седница на 46-от парламент, само неколку минути пред нејзиното почнување, заедно со потпретседателката Илиана Јотова.
„Задачите и пораките се исти, како и пред три месеци“,
додаде тој.
Бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија не може да си дозволи да губи историско време и дека мора да има кабинет со широка парламентарна и јавна поддршка. Откако ќе се конституира новото Национално собрание, Радев ќе почне процедура за политички консултации.