Бугарскиот претседател денеска рече дека не може да го распушти бугарскиот парламент пред 11 мај, бидејќи треба да се запазат одредбите во Уставот, а тоа е да не поминат повеќе од два месеца до изборите
Бугарскиот претседател Румен Радев потврди дека предвремените избори во Бугарија ќе се одржат на 11 јули.
Ова е најраниот можен датум за предвремени избори, откако ќе се распушти сегашното собрание.
Радев денеска рече дека не може да го распушти бугарскиот парламент пред 11 мај, бидејќи треба да се запазат одредбите во Уставот, а тоа е да не поминат повеќе од два месеца до изборите.
„Ако го распуштиме Националното собрание во петок или понеделник, како што се настојува, тоа значи дека изборите ќе се одржат на 4 јули“,
рече бугарскиот претседател Радев.
Според него, Централната изборна комисија не може да подготви избори за 4 јули, бидејќи нема доволно време.
Но, иако 11 јули не е дефинитивен датум, веќе има реакции против. Генералниот директор на Бугарската национална телевизија Емил Кошлуков побара друг датум за избори, бидејќи тогаш ќе се одржи финалето на Европското првенство во фудбал, а медиумите имаат договори со спонзорите за емитување реклами.
Во Бугарија на 4 април се одржаа парлааментарни избори, но ниту ГЕРБ на Бојко Борисов, ниту „Има таков народ“ на Слави Трифонов не успеаја да формираат влда и го вратија мандатот.
За датумот партиите ги разгледуваат – 11, 18 или 25 јули. За 11 или 18 јули претендираат од ГЕРБ, наведува „24 Часа“. За тие датуми се и од ДПС. Од БСП поверојатно е 1 август.