Бугарија ja поддржува европската интеграција на Северна Македонија, порачал претседателот Румен Радев на вчерашниот онлајн-состанок со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Состанокот бил на барање на Сасоли, а бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија.
Во соопштението од кабинетот на Радев се наведува и дека тој посочил оти Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.
Двајцата соговорници се осврнале и на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми што се на дневен ред на Европската Унија, со фокус на политиката на проширување.
