На 4 април ќе се одржат парламентарните избори во Бугарија, информираше денеска претседателот на државата Румен Радев. Тој рече дека во време кога државата се соочува со намалена доверба од граѓаните изборите добиваат клучно значење.
„Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во пандемија, ниту една институција не презеде ништо. Благодарност до сите што одговорија на мојата покана за консултација. Јас го насочив вниманието на јавноста кон потребата од соодветни мерки за надминување на проблемите за време на изборите“,
рече Радев.
Во своето обраќање тој рече дека, со настаните од минатата година граѓаните јасно дале до знаење дека сакаат промени.
„За надминување на кризата, реформите и модернизација што поскоро е важно да имаме легитимен парламент и функционална влада“,
додаде тој.
Радев повика да се објават јасни здравствени мерки за тоа како ќе се одвива изборната кампања, но и самото одржување на изборите.
„Институциите да се однесуваат одговорно и да ги преземат соодветните мерки за безбедно гласање во време на пандемија, а парламентот да ги донесе неопходните законски измени за може да се гласа по пошта и броењето на гласовите да се следи онлајн“,
рече Радев.