Меѓу добитниците е и медицинскиот тим во кој беше министерот Филипче, а кој ја изведе првата операција во земјава за импантација на вегус нерв стимулатор кај пациенти со епилепсија резистентка на лекови
Познати универзитетски професори, здравствени работници, уметници се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ што секоја година ја доделува Градот Скопје.
Градот ја доделува наградата како знак на признание за остварувања во различни области, како образованието, културата, здравството, спортот, заштитата на животната средина итн.
За годинешната наградата изборот на добитниците со тајно гласање го направи комисија именувања од Одборот за доделување на наградата. Комисијата била во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2021 година се:
Од областа на науката
- ДЕНКО МАЛЕСКИ (професор во пензија) – за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование;
- ЕМИЛ НИАМИ (автор, лектор, преведувач) – автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.
Од областа на образованието и воспитанието
- МИШО ДОКМАНОВИЌ (редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“) – за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.
Од областа на публицистиката
- СЛОБОДАН ПЕТРОВИЌ (новинар, публицист) – за повеќедеценискиот придонес во македонската печатена новинска продукција.
Од областа на културата
- ИРЕНА КОЛИШТРКОСКА НАСТЕВА (археолог) – за непрекинато 35-годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.
- ЛИЛЈАНА ПАНДЕВА (писател, поет, прозаист) – за достигнувања во областа на македонската современа книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.
Од областа на уметноста
- ЕМИЛИЈА ЏИПУНОВА (балетски уметник и балетски критичар) – за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и надвор од неа.
Од областа на здравствената заштита
- МЕДИЦИНСКИ ТИМ на доктори кој ја изведе првата операција во земјава: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови, составен од: доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска;
- ТИМ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА ОД КОВИД 19 ПРИ ЗДРАСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ – за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.
Правни лица
- ЈНУ ИНСТИТУТ за македонска литература – Скопје – за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје;
- 2.ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје – за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.
Лице од друга држава
- РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА (режисер, актер) – за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.
Ученици и студенти
- САНДРА НЕДАНОВСКА (ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје) – за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.