Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба 59-годишниот Ж.С. од с. Герман, кривопаланечко, додека извршувал работни задачи паднал од висина – велат од МВР
Работник од кривопаланечкото село Герман починал по пад од објект во изградба во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, станува збор за 59-годишен маж, а случајот бил пријавен вчера попладне.
„Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С. (59) од с. Герман, кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде околу 17:40 часот починал“,
соопшти МВР.
Во соопштението се наведува дека бил извршен увид, а известен е и Трудовиот инспекторат.
