Рускиот претседател му понуди на израелскиот премиер помош од Русија во посредувањето во врска со Иран, додавајќи дека е за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот
Рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска телефонски разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток и Иран, пренесува Ројтерс.

„Беше разговарано за ситуацијата на Блискиот Исток и во Иран. Владимир Путин ги презентира своите основни пристапи за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот“,
соопшти прес-службата на Кремљ.
Путин му понуди на Нетанјаху помош од Русија во посредувањето во врска со Иран. На израелскиот лидер му посочил и дека е за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот.
Двете страни се согласија да продолжат со контактите на различни нивоа.
