Според рукиот претседател, сите цели и задачи на „специјалната операција“, како што тој ја нарекува инвазијата, во Украина ќе бидат исполнети
Рускиот претседател Владимир Путин се закани со „молскавичен одговор“ доколку некој сака да интервенира надвор од Украина и со тоа да предизвика стратешка закана.
Во говор пред пратениците во Санкт Петербург во палатата Таурид, Путин ги уверуваше дека Русија има алатки за можен одговор, кои нејзините противници ги немаат.
„Имаме потребни алатки со кои никој не може да се пофали во моментов. И нема да се фалиме, ќе ги искористиме ако треба. Сите одлуки за ова прашање се веќе донесени“,
рече Путин.
Според него, сите цели и задачи на „специјалната операција“, како што тој ја нарекува инвазијата, во Украина ќе бидат исполнети, истакнувајќи дека руските противници не сакаат толку голема земја како Русија.
Путин истакнал дека „западните непријатели“ планирале економски да ја задушат Русија, но тоа не успеало. А пред тоа, западните земји ги охрабрувале сепаратистите на Кавказ.
„Со самото постоење Русија им е закана. Сепак, заканата се тие самите“,
рече Путин и додаде дека се сеќава на „варварските планови“ на фашистите за советскиот народ.