Вкупно 73,55 проценти од Русите ги поддржаа уставните реформи што ги бара претседателот Владимир Путин, вклучително и можноста тој да остане на власт до 2036 година, според објавените делумни резултати на референдумот што денеска заврши во Русија, пренесува Н1.
Резултатите се врз основа на 26,55 проценти од избирачките места. Референдумот траеше една недела, а последните избирачки места се затворија денеска во 20 часот по локално време во Калининград.
Путин, кој има 67 години, е на власт 20 години, како претседател или како премиер и во моментов е лидер кој се задржал на власт подолго и од Јосиф Сталин во СССР.
Со референдумот во Русија ќе се потврдат пакет уставни измени кои би му овозможиле на Путин уште двапати да се кандидира и потенцијално да остане на власт до својата 84 годишна возраст. Неговиот сегашен мандат завршува за четири години.
Путин, досега, сите избори ги добиваше со уврелива предност и разлика пред противниците. Тој својата политика ја промовира како решение за стабилноста на Русија и на тоа ја стекна и својата репутација во земјата.