Тој најави дека ќе се кандидира за својот петти претседателски мандат на изборите, кои треба да се одржат на 17 март 2024 година, имајќи за цел да го зацврсти своето континуирано владеење на власт како шеф на државата или премиер повеќе од две децении
Рускиот претседател, Владимир Путин вели дека повторно ќе се кандидира за претседател на изборите во Русија во март 2024 година, потег со кој би можел да ја задржи власта најмалку до 2030 година, пренесува Си-ен-ен.
Путин го објави ова во петокот по церемонијата во Кремљ, официјалната резиденција на рускиот претседател.

Тој најави дека ќе се кандидира за својот петти претседателски мандат на изборите, кои треба да се одржат на 17 март 2024 година, имајќи за цел да го зацврсти своето континуирано владеење на власт како шеф на државата или премиер повеќе од две децении.
На претстојните избори, по прв пат ќе гласаат и жителите на окупираните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.
Претходно, меѓународната заедница како лажни ги осуди локалните избори во овие региони, организирани од официјални претставници поддржани од Русија.
Кремљ сè уште нема објавено официјално соопштение за кандидатурата на Путин.
Путин стана вршител на должноста премиер на Русија во август 1999 година. На Новогодишната ноќ истата година неочекувано претседателството му го предаде тогашниот претседател Борис Елцин.