Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази надеж дека барем некои проблеми во руско-американските односи ќе бидат решени за време на администрацијата на Џо Бајден, кој ќе ја преземе должноста во јануари.
„Претпоставуваме дека новоизбраниот американски претседател ќе разбере што се случува, тој е личност која има искуство и во внатрешната и во надворешната политика“,
рече Путин на годишната прес-конференција.
Тој додаде дека Москва очекува дека сите проблеми што се појавиле, или барем некои од нив, ќе бидат решени, пренесува ТАСС.
Путин е меѓу првите светски лидери кои му го честитаа изборот на Џозеф Бајден за претседател на САД, веднаш откако тоа го покажа гласањето во Изборниот колеџ иако формалната постапка треба да заврши допрва со гласање во Конгресот на 6 јануари.
