Европската Унија и Велика Британија порано денеска воведоа нови санкции насочени против Русија
Руското Министерство за надворешни работи објави дека Русија му вовела санкции на американскиот претседател Џо Бајден, како и на тамошниот државен секретар Ентони Блинкен.
„Како одговор на низа санкции без преседан од 15 март годинава, руската ‘стоп-листа’ врз основа на реципроцитет ги вклучува претседателот Џозеф Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен, министерот за одбрана Лојд Остин и претседателот на генералштабот Марк Мајли, како и на многубројни шефови на институции и познати американски личности“,
се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
На удар на руските санкции се најде и Хилари Клинтон, поранешен кандидат за претседател на САД.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, го објави списокот од 13 имиња на кои покрај Бајден и неговото семејство, се функционери на американските безбедносни служби, финансиски и други институции.

Европската Унија и Велика Британија денеска воведоа нови санкции насочени против Русија. На овие листи се најдоа и поединци и институции блиски до Кремљ.
