Во текот на телефонскиот разговор, Путин му дал на Трамп детална проценка на моменталната ситуација на бојното поле, а претседателот на САД постојано ја нагласувал потребата од брз мир и ставање крај на конфликтот
За време на денешниот телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин му повторил дека потенцијалната испорака на ракетите со долг дострел „Томахавк“ во Украина ќе ги нарушат односите меѓу Москва и Вашингтон.

„Путин го повтори својот став дека ракетите ‘Томахавк’ нема да ја променат ситуацијата на бојното поле, но ќе предизвикаат значителна штета на односите меѓу двете земји“,
изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков на брифигн со новинарите.
Забележувајќи дека разговорот, кој траел речиси два и пол часа, бил многу суштински, исклучително искрен и доверлив, Ушаков рече дека посебен акцент бил ставен на војната во Украина, а дека во текот на разговорот Путин му дал на Трамп детална проценка на моменталната ситуација. Претседателот на САД, пак, постојано ја нагласувал потребата од брз мир и ставање крај на конфликтот.
„Една од клучните поенти на американскиот претседател беше дека завршувањето на конфликтот во Украина ќе отвори огромни перспективи за развој на економска соработка меѓу САД и Русија“,
рече Ушаков.
Соработникот на Путин потврди дека рускиот и американскиот претседател се согласиле наскоро да одржат средба во Будимпешта, како што претходно објави Трамп. Пред средбата со Путин во Будимпешта, како што посочи Трамп, следната недела средба ќе одржат нивните советници на високо ниво.