Од Елисејската палата пак, ифнормираа дека Макрон во денешниот разговор, повторно побарал од Путин итен прекин на огнот во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон, порачал дека демилитаризацијата на Украина и западното признавање на рускиот суверенитет над полуостровот Крим се предуслов за прекин на борбите во Украина, соопшти Кремљ, пренесува „Риа новости“.
„Владимир Путин истакна дека решението е можно само доколку безусловно се земат предвид легитимните безбедносни интереси на Русија, вклучително и признавањето на рускиот суверенитет над Крим, демилитаризацијата и денацификацијата на украинската држава и обезбедувањето на нејзиниот неутрален статус“,
се вели во соопштението на Кремљ по денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Макрон.
Од Елисејската палата пак, ифнормираа дека Макрон во денешниот разговор, повторно побарал од Путин итен прекин на огнот во Украина.
„Францускиот претседател разговараше со Владимир Путин. Макрон го повтори барањето на меѓународната заедница да се прекине руската офанзива на Украина и му ја потврди потребата за итен прекин на огнот“,
се вели во соопштението на Елисејската палата.
И самиот Макрон се огласи на Твитер и информираше дека денеска разговарал со Путин.
„Нашите контакри со претседателот Зеленски се редовни. Сакам да го поздравам чувството на одговорност кое го покажува. Во однос на актуелната ситуација разговарав телефонски и со Путин“,
напиша Макрон на Твитер.