Путин му ги повторил своите ставови на Макрон за ситуацијата во Донбас и рекол дека со години се прикрива геноцидот врз цивилите во оваа област
Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот лидер Владимир Путин денеска повторно имале телефонски разговор за актуелната состојба со украина, соопшти Кремљ, а пренесуваат руските медиуми.
Путин при разговорот гo коментирал последното обраќање на Макрон кон Украинците и изјавил дека не се согласува со многу од тезите изнесени во неговиот говор.
„Ова особено се однесува на изјавата на Емануел Макрон, кој изјавите дека Русија се бори против нацизмот во Украина ги нарече лага. Во таа насока, му беа дадени детални објаснувања за важната улога на неонацистите во државната политика на Киев“,
се вели во соопштението на Кремљ.
Кремљ соопшти и дека Русија ќе ја продолжи инвазијата врз Украина.
„Имаме намера да ја продолжиме бескомпромисната борба против милитантите на националистичките вооружени групи кои вршат воени злосторства, вклучително и поставување воена опрема во станбените населби и користење на цивили како жив штит“,
се додава во соопштението на Кремљ.
Путин му ги повторил своите ставови на Макрон за ситуацијата во Донбас и рекол дека со години се прикрива геноцидот врз цивилите во оваа област, што довело до бројни жртви и принудило стотици илјади луѓе да бараат азил во Русија.
„Путин повторно детално ги изложи основните пристапи и услови во контекст на преговорите со претставниците на Киев и потврди дека пред сѐ се работи за демилитаризација и неутрален статус на Украина. Беше истакнато дека времето само ќе доведе до дополнителни барања од Киев во нашата преговарачка позиција“,
информираше Кремљ.