Производот е со сериски број/лот LO107, од производител „Nature‘s Finest“ и со рок на употреба до 1.7.2023 година. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) им препорачува на потрошувачите кои го имаат купено овој производ со посочениот сериски број, да не го консумираат и да го вратат на местото од каде што гo купиле
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повлече од употреба путерот од кикирики „Bio Chocolate Chip peanut butter“. Путерот од кикирики со парченца чоколадо, увезен од Словенија, е повлечен од пазарот како небезбеден производ поради присуство на недеклариран алерген – млечен протеин, информираа од АХВ.

Производот е со сериски број/лот LO107, од производител „Nature‘s Finest“ и со рок на употреба до 1.7.2023 година.
Од производот со посочениот сериски број во ноември минатата година во земјава биле увезени 30 парчиња.
Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува на потрошувачите кои го имаат купено овој производ со посочениот сериски број, да не го консумираат и да го вратат на местото од каде што гo купиле.
„При контролата, утврдено е дека операторот Зегин ДОО, ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот ‘Nature‘s Finest’, односно, преостанатите шест затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин. Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени“,
вели директорот на АХВ, Николче Бабовски.