Полицијата ги блокираше приодите до училиштето, во кое одат повеќе од 1 500 ученици, а бројни амбулантни возила се наоѓаат околу комплексот
Еден ученик е повреден во оружен инцидент во средно училиште во американската држава Северна Каролина, а властите трагаат по осомничениот напаѓач, соопшти полицијата.

Гимназијата „Маунт Табор“ во Винстон-Салем е целосно блокирана од полицијата, но портпаролката на шерифот на округот Форсит потврди дека сите други ученици се безбедни.
Таа, исто така, рече дека полицијата активно трага по осомничениот, но не даде дополнителни детали.
Полицијата ги блокираше приодите до училиштето, во кое одат повеќе од 1 500 ученици, а бројни амбулантни возила се наоѓаат околу комплексот.
Американскиот претседател Џо Бајден во април донесе низа мерки за ограничување на поседувањето оружје.
„Насилството со оружје во оваа земја е епидемија и тоа е меѓународен срам“,
изјави тогаш Бајден.
Новите мерки тој ги донесе со извршна наредба, за што не му требаше одобрување од Конгресот.
„Секој, од криминалец до терорист, може да го купи комплет и за само 30 минути да состави оружје. Сакам сето ова да се третира како огнено оружје“,
рече Бајден.
