Од МВР информираат дека било пукано во возило со австриски регистарски ознаки, при што едно лице било пренесено во Клинички центар
Вечерва во скопската населба Ченто се случило пукање од возило во движење при што едно лице со повреди било однесено во болница, јави ТВ 21.
Во возилото, како што неофицијално објави телевизијата, имало две лица, а инцидентот се случил кај местото викано „Агросервис“. На лице место биле пронајдени седум чаури.
Од МВР за ТВ 21 го потврдиле настанот и информирале дека било пукано во возило со австриски регистарски ознаки, при што едно лице било пренесено во Клинички центар.
„На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило пасат со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информираат од полицијата.