Во моментов нема информации за состојбата на повредениот ниту, пак, дали осомничениот напаѓач е приведен
На влезот на село Батинци, Скопско, утринава имало вооружен напад.

Според пријавата, која утринава во 10:15 часот стигнала до Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, на влезот на село Батинци едно лице пукало во друго. Лицето во кое е пукано се здобило со повреди од огнено оружје.
Во моментов нема информации за состојбата на повредениот ниту, пак, дали осомничениот напаѓач е приведен.