Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А.Б.

Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во Чаир, во близина на супермаркетот „Веро“, дознава „360 степени“.
Пукањето се случило на крстосницата на улиците „Џон Кенеди” и „Цветан Димов”, а од огнено оружје е повредено лице со иницијали А.Б.
Според информациите до кои дојде „360 степени“ повредениот е надвор од животна опасност. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на престрелката, на раскрсницата меѓу булеварите „Цвеѕан Димов” и „Џон Кенеди”, вечерва се присутни полициски екипи. Побаравме информација од Министерството за внатрешни работи, но оттаму се уште нема потврда за случајот.
Дел од медиумите веќе пренесуваат видеа на кои може да се види дека во овој дел од населбата Чаир има зголемено полициско присуство.