Инцидентот се случил попладнево, пред продавница за автоделови
Пукање пред продавница за автоделови во скопската населба Чаир било пријавено попладнево во полиција. Како што соопштија од МВР, досега нема пријавено повредени лица.
„Во 14:55 часот е пријавено пукање од огнено оружје на ул.’Цветан Димов’ пред продавница за автоделови. Досега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје“,
посочуваат од МВР
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.