Локалните медиуми пренесоа дека жртвите носеле шведски фудбалски дресови, во пресрет на натпреварот на Шведска против Белгија во квалификациите за ЕП 2024 што требаше да се одржи вечерва. Белгискиот премиер подоцна потврди дека жртвите биле шведски државјани
Две лица загинаа во престрелка што вечерва се случи во близина на центарот на Брисел. Локалните медиуми пренесоа дека жртвите носеле шведски фудбалски дресови, во пресрет на натпреварот на Шведска против Белгија во квалификациите за Европското првенство 2024 што требаше да се одржи вечерва.

Белгискиот премиер Александар де Кроа подоцна потврди дека жртвите биле шведски државјани.
„Само што изразив искрено сочувство до премиерот на Шведска, Улф Кристерсон, по вечерашниот болен напад врз шведски граѓани во Брисел“,
напиша Де Кро на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.
I have just offered my sincere condolences to @SwedishPM following tonight’s harrowing attack on Swedish citizens in Brussels.
— Alexander De Croo ???? (@alexanderdecroo) October 16, 2023
Our thoughts are with the families and friends who lost their loved ones.
As close partners the fight against terrorism is a joint one.
Во објавата на социјалната мрежа, белгискиот премиер додава дека како блиски партнери, Белгија и Шведска имаат заеднички заложби и борби против тероризмот.
„Внимателно ја следиме ситуацијата“,
напиша белгискиот премиер и ги повика граѓаните на внимателност.
Според локалните медиуми, нападот се случил на околу пет километри од стадионот на којшто вечерва требаше да се одржи мечот помеѓу шведската и репрезентацијата на Белгија во квалификациите за Европското првенство.
Фудбалскиот натпревар е прекинат, а навивачите на стадионот „Крал Бодуен“, кои се околу 35 000 на број, добиле совет да не ги напуштаат трибините.
Вооружениот напаѓач е во бегство, а полицијата го обезбедува местото на инцидентот.