Засега нема информации за причините за пукањето

Три часа по полноќ во Струга се слушнале истрели од огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Пријавата до Секторот за внатрешни работи Охрид била поднесена од стружанецот Д. М. во 06:50 часот.
Од СВР Охрид велат дека полициските службеници преземаат мерки за расчистување на случајот.
Засега нема информации за причините за пукањето.
