Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Полицијата ги лиши од слобода Е. К. и Б. К. од селото Рашче, Скопско, откако синоќа пукале со гасни пиштоли на свадба.
Инцидентот бил пријавен околу 22 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, кога граѓани алармирале за истрели во селото. По пријавата, полициски службеници од полициската станица во Ѓорче Петров веднаш излегле на терен.
При контролата, како што додаваат од Министерството за внатрешни работи (МВР), било утврдено дека Е. К. и Б. К. се лицата кои испукале истрели од гасни пиштоли на свадбена прослава. Тие веднаш биле приведени во полициска станица.
Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.