Пукањето се случило во кампусот пред зградата на Меѓународниот културен центар, каде што биле поставени шатори и маси за излет и дружење по фудбалскиот натпревар што се одржал претходно
Едно лице е убиено, а шест се ранети во вооружен напад за време на прослава на Универзитетот Линколн во Пенсилванија. Еден е приведен, а полицијата собира докази и истражува дали имало повеќе од еден напаѓач. Мотивите се уште не се откриени, изјави на прес-конференција обвинителот на округот Честер, Кристофер де Барена-Саробе.
„Немаме многу одговори за тоа што точно се случило. Она што можам да го кажам е дека продолжуваме да работиме како да не станува збор за инцидент каде некој влегол со намера да предизвика голема штета на универзитетскиот кампус,“
соопшти Барена-Саробе.
Властите не објавија детали за жртвите, вклучително и нивната состојба или каде се лекуваат повредените. Детективите од округот Честер ја водат истрагата со поддршка од државната полиција и ФБИ.

Пукањето се случило во кампусот пред зградата на Меѓународниот културен центар, каде што биле поставени шатори и маси за излет и дружење по фудбалскиот натпревар што се одржал претходно.
Од обвинителството ги повикаа сите што имаат видео од местото на настанот или други информации кои би можеле да помогнат во истрагата да го контактираат ФБИ.
