За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид врши екипа при СВР Тетово

Во Тетово вечерва околу 21 часот и 15 минути, кон куќа на улица „111“ во населбата „Теќе“, било пукано со автоматско оружје, информираат од СВР Тетово. Како што додаваат оттаму, во инцидентот нема повредени.
„Било пријавено дека непознати лица кои биле со мотоцикл-скутер од автоматска пушка пукале во куќата сопственост на М.Т. од Тетово и истите се дале во бегство. Веднаш било постапено во однос на пријавата каде било констатирано дека немало повредени лица и на самото место биле пронајдени околу 30 чаури од автоматско оружје. Во моментот на пукањето во куќата биле сопственикот со неговото семејство и на куќата биле забележани оштетувања“,
информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
За случајот е известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, додека увид врши екипа при СВР Тетово.