Птицата, како што соопштија од МЕПСО, рано утринава прелетала во делот на 110 киловатна собирница кај трансформаторската станица „Битола 2” и предизвикала прескок на еден од порталите на истата собирница. Случаи од ваков тип, кога птица ќе предизвика пад во напојувањето, според МЕПСО, се ретки, но не е невозможни
Дефектот кој утринава ги исклучи од мрежа првиот и третиот блок РЕК „Битола“, а чие исклучување беше предизвикано поради проблем во трафостаница на МЕПСО, според операторот на електропреносниот систем, е предизвикан од прелет на птица.

Птицата, како што соопштија од МЕПСО, рано утринава прелетала во делот на 110 киловатна собирница кај трансформаторската станица „Битола 2” и предизвикала прескок на еден од порталите на истата собирница.
„Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во подружницата ОПМ (вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вратено во првобитната состојба, а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено“,
соопштија од АД МЕПСО.
Од операторот посочуваат дека штетите врз опремата во денешниот испад се незначителни, а оти ваквите брзи и навремени интервенции се дел од секојдневната работа на МЕПСО.
Случаи од ваков тип, кога птица ќе предизвика пад во напојувањето, според МЕПСО, се ретки, но не е невозможни.
Рано утринава од државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопштија дека првиот и третиот блок на РЕК „Битола“ се исклучени од мрежа поради проблем во трафостаницата на МЕПСО којашто се наоѓа во непосредба близина на комбинатот.
