Ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата
Сојузот на синдикати на Македонија на 1 Мај ќе организира протест кој ќе биде за линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во нето-износ.
Ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.
„Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2 806 денари во нето-износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во дејствувањето за зголемување на платите на работниците“,
се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ.
Оттаму ги повикуваат сите работници и синдикати да се приклучат на протестот.
Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена на највисоките тела на Синдикатот.
