Центрите за лица со попречености наскоро ќе почнат со работа, најави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека пред отворањето на центрите вработените ќе се тестираат за ковид-19.
„Тие за кратко време ќе почнат со работа. Ќе важи истиот принцип за тестирање на вработените“,
изјави Филипче.
Министерот изјави дека очекува до следната недела да заврши тестирањето во градинките.
Досега, како што информираа од Министерството за здравство, од напревените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес, потврден е само еден позитивен случај со ковид-19 во Битола.
