Дефектот, како што посочуваат од компанијата, е предизвикан поради проблем во трафостаницата на МЕПСО којашто се наоѓа во непосредба близина на комбинатот
Првиот и третиот блок на РЕК „Битола“ од рано утринава се исклучени од мрежа, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Дефектот, како што посочуваат од компанијата, е предизвикан поради проблем во трафостаницата на МЕПСО којашто се наоѓа во непосредба близина на комбинатот.
„Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК ‘Битола’, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока“,
соопштија од ЕСМ.
Според ЕСМ, постројките уште претпладне повторно ќе бидат вклучени на електроенергетскиот систем.
„Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК ‘Битола’ и постројката беше надвор од функција повеќе од една година. Овојпат, нема сериозни штети врз опремата на РЕК ‘Битола’, а стручни лица од РЕК ‘Битола’ и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денхешниот инцидент“,
посочуваат од ЕСМ.