Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати по пребројани 23,56% од избирачите, за изборите за градоначалници. Во моментов, водечка позиција во трката за градоначалници имаат:
- ВМРО-ДПМНЕ во 51 општина;
- ВЛЕН води во 9;
- НАИ (коалицијата предводена од ДУИ) води во 7;
- СДСМ и коалицијата води во 7;
- ДП на Турците 1 градоначалник и
- ГИ А. Садики 1.

Сепак, иако на ниво на држава се обработени 23,56% од избирачите, во некои општини се обработени помал, а во други поголем процент од избирачите. Така што, за очекување е да има значителни промени во однос моменталните резултати.