Тим хирурзи составен од Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, Жан Митрев од приватната Клиника „Жан Митрев“ и Александар Николиќ од Клиниката „Систина“ и анестезиологот од КАРИЛ Маја Мојсова прават подготовка за првата трансплантација на срце во земјава, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на социјалите мрежи.

Тој сподели и фотографија од докторите пред операцијата и напиша дека во тек е екплантацијата, која се врши на Клиниката за кардиологија и е исклучително тешка и ризична операција.
Филипче претходно објави дека има почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето и пациент кој подолго време чека донор.