Трамп се закани дека ќе воведе 100% царини за Русија ако не се согласи на договор за прекин на војната во рок од 50 дена. Тој, исто така, најави таканаречени секундарни санкции за сите земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, што подоцна го потврди и Белата куќа

Висок руски функционер Константин Косачев, изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини од 100 проценти не влијаат на ставот на Москва.
„Тоа воопшто не влијае на нас. Ако тоа е сè што Трамп имаше да каже за Украина денес, тогаш целиот притисок испари“,
рече заменик-претседателот на горниот дом на рускиот парламент.
Косачов тврди дека Европа сега ќе мора да плаќа сè повеќе и повеќе, бидејќи бесплатниот ручек се покажа како стапица за нив. Покрај тоа, тој ги обвини САД дека се единствениот вистински корисник на новата политика, бидејќи профитира американската воена индустрија.
„Украина може да продолжи да се бори до последниот Украинец. За 50 дена, колку може да се промени – и на бојното поле и во расположението на носителите на одлуки во САД и НАТО“,
рече Косачов.
Трамп денес објави нов пакет воена помош за Украина кој ќе се спроведува преку модел во кој САД произведуваат и продаваат оружје на членките на НАТО, кои потоа го испраќаат во Киев. Тој нагласи дека на Украина итно ѝ е потребна опрема и дека САД ќе испорачаат најмодерно оружје, додека европските земји ќе ги платат сите трошоци.
Во исто време, Трамп се закани дека ќе воведе 100% царини за Русија ако не се согласи на договор за прекин на војната во рок од 50 дена. Тој, исто така, најави таканаречени секундарни санкции за сите земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, што подоцна го потврди и Белата куќа.
Иако тврди дека сè уште комуницира со Путин и дека разговорите се пријатни, Трамп јасно стави до знаење дека ова не значи ништо кога ракетите погодуваат градови.
Неговите пораки денес, како и соработката со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претставуваат јасен пресврт кон посилна воена и политичка поддршка за Украина, по месеци неизвесност и контрадикторни сигнали од Вашингтон.