Вкупниот број на случаи ковид-19 во Индија сега е 29,57 милиони, што е втора земја во светот по заразени, по САД. Бројот на смртни случаи во Индија достигна дури 377 061
Во главниот град на Индија, Њуделхи, илјадници патници ги запоседнаа метростаниците и трговските центри, веднаш откако властите обавија олабавување на мерките.

Ова предизвика страв кај лекарите дека бројот на заразени со коронавирус може повторно да се зголеми.
Иако поголемите градови во Индија ги ублажија мерките, вакцинирани се само пет проценти од 950 милиони возрасни жители, пренесува Ројтерс.
Градските власти нагласија дека повторно ќе бидат воведени ригорозни мерки доколку се појават нови случаи.

Вкупниот број на случаи ковид-19 во Индија сега е 29,57 милиони, што е втора земја во светот по заразени, по САД. Бројот на смртни случаи во Индија достигна дури 377 061.
Што доведе до такви драматични бројки?
Постојат многу причини за ваквата лоша слика во Индија – од лошиот здравствен систем, до одржувањето на верски фестивали за време на пандемијата, ниската стапка на вакцинација – но и армијата измамници кои ја направија кризата во оваа земја уште полоша.
Според извештаите во медиумите, се појавиле лажните лекови за ковид, противпожарните апарати кои биле маскирани во боци со кислород и рециклирана опрема за лична заштита.

Не толку одамна, Индија беше главна вест во сите светски медиуми, поради недостатокот на капацитети во болниците и на боци со кислород, поради што секојдневно умираа илјадници луѓе.
Со тоа се појави и друг проблем – немањето доволно капацитети на крематориумите, поради што се импровизираше на паркиралишта.